Нов автомобилски гигант најави фабрика во Охрид

Уште една компанија од областа на автомобилската индуструја ќе инвестира во Охрид. Градоначалникот Бакрачески кој го најави влезот на новата странска инвестиција, вели дека досегашните преговори кои ги води македонската Влада и Агенцијата за странски инвестиции, вродиле со плод и оти најдоцна за еден месец инвестицијата и официјално ќе биде објавена..

Се поизвесно е дека инвестицијата ќе се реализира во еден од погоните на ЕМО. Бакрачески најави и целосно рестартирање на овој некогашен индустриски гигант, за што во моментов се воделе преговори со две странски компании. И двете биле заинтересирани ЕМО да го кренат на нозе, рестартирајќи го целокупното произвотство.  

10.10.2014 - 20:39


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега