Мајката на малата Нора: Времето не лечи се, секој ден ми е се потешко!

Мајката на малата Нора за која цел Балкан се крена на нозе за таа да може да се оперира вели дека откако ја нема нејзината ќерка и е се потешко и сеуште не може да се помири со самиот факт дека нејзиното дете повеќе го нема.

Таа за хрватскиот Денвник вели дека времето не ги лечи сите рани, бидејќи оваа е неизлечлива. Секој ден на мајката и е само потешко и се чуствува поосамено без својата ќеркичка.

Инаку, денеска се одржа конференција на која се говореше за планот да се изгради дом за деца и родители кои патат од ваква болест, со парите кои беа наменети за ново срце за малата Нора.

најчитано сега