ЗНМ и Селмани бараат да се одземе препораката за Македонија

Здружението на новинари на Македонија и претседателот Насер Селмани очигледно бараат Македонија да остане без препораката за почеток на преговорите за влез во ЕУ. Тој во интервју за Радио Слободна Европа врли дека во Извештајот има необјективни работи.

-Да, ако се прави споредба со извештајот од минатата година овој извештај е покритичен, меѓутоа јас мислам дека Европската комисија продолжува да биде наклонета кон Македонија, затоа што кога би се однесувала како што се однесува Владата на Република Македонија кон извештаите на Европската комисија, без трошка сомнеж Европската комисија можеше слободно оваа година да ја одземе препораката на Македонија, затоа што навистина има регрес во суштински сфери, истакна Селмани.

Останува отворено прашањето дали Селмани и ЗНМ со оваа изјава свесно бараат ЕК да и ја одземе препораката на Македонија, со што би се нанело штета на сите нас?!

12.10.2014 - 13:36


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега