Меѓународниот пат од Бугарија кон Македонија ќе биде блокиран

Делницата од Ќустендил до бугарскиот премин Ѓушево, или поточно меѓународниот пат од Бугарија кон Македонија, претпладне ќе биде блокиран.

Граѓаните на Ќустендил се незадоволни од изборните резултати на предвремените парламентарни избори, па со блокада на оваа делница одлучиле да го искажат својот револт и незадоволство.

Според изборните резултати на предвремените парламентарни избори, одржани на 5 октомври, партијата на Турците-Движење за права и слобода (ДПС) освои мандат во Ќустендилската област за 43-то Народно собрание на Бугарија.

Како што пренесува бугарскиот портал „Дарик нуз“, блокадата ќе започне во 11 часот по македонско време, со автомобилска поворка од плоштадот во Ќустендил по меѓународниот пат кон Македонија, се до клучката за пограничното село Жилинци, во непосредна  близина на граничниот премин.

13.10.2014 - 09:36


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега