Традиционален есенски марш до село Разловци

Во организација на Општина Делчево и Спортско-рекреативниот клуб „ПОП“ стотина планинари од Делчево, Пехчево,  Пробиштип, Прилеп, Неготино и Струмица успешно го реализираа осмото оздание од традиционалниот есенски марш до востаничкото село Разловци.
 

Стартната точка на  маршот беше од селото Нов Истевник,  кое при повлекувањето на фашистичките војски при крајот на НОБ било запалено.

Планинарите ја посетија природната реткост „Кукулје“ каде поради невнимание на еден  член од Планинарското друштво „Серта“ од Неготино му испаднал мобилниот телефон. Во обидот да го пронајде тој почувствувал здравствени тегоби, поради што интервенирала Брзата помош при Здравствениот дом од Делчево. По укажаната помош планинарот е префрлен на  лекување во Болницата во Штип и е надвор од животна опасност.

Патеката долга 14 километри сите други планинари успешно ја поминаа и стигнаа на целта  во дворот на црквата „Цар Костадин и царица Елена„.во село Разловци.

За учесниците во маршот беше организиран заеднички ручек при што им на претставниците на планинарските друштва организаторот им додели признанија.

13.10.2014 - 09:55


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега