Во април издадени 241 одобрение за градба

Спорeд Државниот завод за статистика, во април годинава се издадени 241 одобрение за градба  што е за 20,5 проценти повеќе во однос на истиот месец лани. 

Според издадените одобренија, предвидената вредност на објектите изнесува 2.769.570.000 денари што е за 23,4 проценти повеќе во однос на април минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 190 (78,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 21  (8,7 проценти) за објекти од нискоградба и 30 (12,5 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 241 објект, на 187 (77,6 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 54 објекти (22,4 проценти)  инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 391 стан, со вкупна корисна површина од 34.818 метри квадратни.