Ја оженил па ја натерал да стане проститутка - потресна исповед

Една девојка била  принудена на проституција од нејзиниот сопруг, непосредно по црковниот олтар. Случајот беше презентирана откако младата жена  избегала од канџите на бандата и отишла во полиција, за да раскаже за нејзиниот кошмар.

 Пекол започнал откако нејизниот 32-годишен пријател, од Бугарија, ја убедил згодната Бугарка да се омажи за него, но станало јасно дека тој  имал други планови за својата идна сопруга. Според сведочењето пред властите, 22-годишната жена поверувала на зборовите на 32 годишниот бугарски пријател и отишла да живее со него. Во истиот стан сепак живееле уште три лица од Бугарија – еден 47-годишен маж, 37-годишна жена и 53-годишна жена.

Кога невестата пристигнала во домот на нејзиниот сопруг, четворицата цимери и еден 61-годишен маж од Ретимнос, и ги зеле личните документи со употребата на физичка сила и преку психолошки малтретирање ја принудиле на проституција со доплата во станот во кој живееле, како и во други домување. Пред неколку дена, сепак, младата жена успеала да се отскубне од видното поле на 61-годишниот маж, кој ја однел во домот на клиентот, и отишла во полиција. По упатената пријаба  полициските службеници од Дирекцијата за безбедност на Ретимнос и Тимот за превенција на криминалот ги уапсиле на петмината вмешани.

Уапсени се сопругот, кај кого се пронајдени лични документи на девојката, 37-годишната жена, 53-годишната и 61 годишниот маж, а  сеуште се трага по 47-годишниот. Истрагата за случајот се одржува од Дирекцијата за безбедност на Ретимнос, а уапсените лица се изведени пред  обвинителот.

14.10.2014 - 10:16


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега