Ммм... Совршен десерт за само 6 минути

Подгответе си десерт за вас и вашето семејство за само шест минути. 

Вкусот на путерот од кикирики е неодолив, одличен како додаток на разни колачиња, а ова е една негова најбрза варијанта финиширана со темно чоколадо.

Потребни состојки за подготовка:

  • 1 шолја истопен путер
  • 2 шолји мелени бисквити
  • 2 шолји шеќер
  • 1 шолја и 4 лажици путер од кикирики
  • 1 ½ чоколадо на парчиња

Подготовка:

Во длабок сад помешајте го истопениот путер со мелените бисквити и шеќерот додека состојките не се соединат.

Додајте 1 шолја путер од кикирики и мешајте додека не добиете еднолична смеса.

Растопете го чоколадото и додадете ги 4-те преостанати лажици путер од кикирики.

Смесата од бисквити ставете ја во тава и израмнете ја. Прелијте го растопеното чоколадо и добро измазнете

Оставете го колачот да отстои 1-2 часа во ладилник или половина час во замрзнувач, па исечете го на коцки.

Извор. Црно бело

14.10.2014 - 12:04


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега