Се огласи ќерката на пациентот кој беше фотографиран со нож во градите

Верувале или не, ќерката на пациентот кој беше фотографиран со нож во градите од страна на хирургот Диди, се огласи и јавно кажа дека го поддржува она што го направил хирургот, а воедно и му се заблагодари за тоа што го спасил животот на нејзиниот татко.

- Како прво можам само да кажам едно големо фала но и тоа е малку за она што го направивте за мојот татко. Се видов и сликите и коментарите за нив, а можам само да кажам дека за мене сте херој бидејќи го спасивте мојот татко. Не знам зошто татко ми направил такво нешто, но луѓесме и сите може да згрешиме. Се уште пишувам низ солзи, навистина ви благодарам за се. Само сакав да ви кажам што чуствував. Очекувам одговор...напишала девојката.

За потсетување, за вознемирувачката фотографија се крена голема прашина.

 

14.10.2014 - 12:20


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега