Сакал да ја убие снаата со мотика- не му се допаѓало како се грижи за внуката

56- годишен маж во Горна Стубица со мотика ја нападнал својата 23-годишна снаа по расправија околу воспитувањето и грижата за неговата внука. Жената се здобила со полесни повреди и е пуштена на домашно лекување.

До обидот за убиство дошло откако свекорот започнал да приговара на тоа како таа се грижи за детето, а одговорот на снаата го предизвикал да ја нападне со мотика. Тој ја удрил по глава но за среќа го избегнал остриот дел од мотиката.

Насилниот свекор е приведен во полициска станица под сомнение за обид за убиство.

14.10.2014 - 13:09


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега