Масовна тепачка во Сараево- за влакно избегната трагедија

Во масовна тепачка во Сараево повредени се четири девојки и едно момче, пренесуваат локалните медиуми.

Инцидентот се случил синоќа околу 22 часот во општината Стари Град.

Имено, дошло до пукање меѓу две групи, а искористен е и нож. Пет лица се повредени, три се здобија со тешки, а две со лесни телесни повреди.

„На Клиниката за ургентна медицина примени се пет лица околу 22.30 часот. Една пациентка е примена со убодна рана во пределот на градниот кош, друга има прострелна рана,а четврта има убодна рана на коленото,“ изјави портпаролката на клиниката Муамера Шехиќ.

Едно лице е уапсено поради поседување на пиштол и помагање со кое е употребено оружје.

14.10.2014 - 15:52


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега