Далечинскиот управувач му го нашле во раце: Детали за апењето на братот на премиерот на Албанија

Олси Рама, братот на албанскиот премиер Еди Рама е уапсен со далечинскиот управувач од дронот со кој беше внесено албанско знаме на стадионот на Партизан во Белград. Тој беше уапсен од српската полиција и против него ќе се води постапка. 
Според информациите, тој бил приведен во ВИП ложата и кај него бил пронајден далечинскиот. Полицијата во Србија има докази дека тој го организирал поставувањто и внесувањето на знамето. Според информациите на српските медиуми, Рама направил цела организација пред мечот. Тој се договорил со нколку лица да го пуштат дронот од црквата во близина на стадионот а потоа тој го презел управувањето. 
Српските медиуми пишуваат дека целата негова логистика утрово влегла во Албанија преку аеродрмот Никола Тесла во Белград. Носелеалбански знамиња и баретки о оележја на УЧК поради што граничаните полицајци не ги пуштиле да влезат. По кратко време, високи европски дипломати се појавиле на аеродромот и издејствувале тие да бидат пуштени. 
Инаку братот на албанскиот премиер поседува американски пасош со кој најверојатно влегол во Србија.

14.10.2014 - 23:59


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега