Албанците открија зошто провоцирале со знамето

Уфрленото знаме на стадионот во Белград за време на квалификацискиот дуел за ЕП 2016 било во знак на протест поради забраната за присуство на албански навивачи, тврди поранешниот новинар на радио „Тирана“, Сокол Беќири.

brat

„Знамето на стадионот беше уфрлено во знак на протест, затоа што не им беше дозволено нашите навивачи да присуствуваат на натпреварот“ – тврди Беќири во изјава за „Ал Џазира“.

Одговарајќи на прашањето кој на ваков начин би можел да уфрли летал, Бежири претпоставувa дека тоа се навивачи од дијаспората кои влегле на стадион затоа што тие единствено можлее да влезат на стадион поради пасошите, а исто така имале и пари да реализираат вакво нешто.

Во српските медиуми се појави информација дека е уапсен братот на Премиерот на Албанија кој наводно управувал со леталото и кој имал американски пасош.

15.10.2014 - 00:08


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега