Што точно имаше на знамето што предизвика прекин на натпреварот Србија- Албанија?

Една мапа, еден датум, еден збор и портрети од две личности. Навидум малку, но сосема доволно за да се прекине меѓународна утакмица.  За да се запали оган доволно е само мала искра. Ова е приказна за знамето кое беше искрата од која почна прекинот на мечот Србија-Албанија во квалификациите за Европското првенство во фудбал 2016. година.

До 41-та минута од натпреварот на стадионот на Партизан беше колку-толку мирно. Нешто појаки дуели на теренот, вообичаеното но многу грдо навредување кога ќе се сретнат тимови од земјите кои во минатото се нашле на спротивставени страни и...  одеднаш вистинска експлозија од негодување кај публиката. И тоа затоа што се појави мало летало “дрон”, не поголемо од половина квадратен метар, летало кое носеше знаме . Не баш обично знаме. 

Публиката можеше на знамето да види некаква мапа, но црниот двоглав орел на црвена позадина беше јасен сигнал за многумина на трибините дека се работи за албанска провокација. Беше тоа искра поради која навивачите на источната и јушната трибина запалија бакљи и ги фрлија на теренот, искра поради која судијата Еткисон од Англија го прекина мечот, кога и му е свртено вниманието кон леталото, кое на околу 40 метри зад неговиот грб го носеше споменатото знаме. Беше тоа искра која покрена краткотраен хаос кој, по се изгледа ќе има долготрајни последици.

Дефанзивецот на Србија, Стефан Митровиќ, успеа со скок да го дофати знамето и да го повлече, што предизвика неколку албански фудбалери да се стрчаат кон него, па неколку српски на нив, а потоа и втрчување на неколку српски навивачи, кои со своето однесување дополнително ја подигнаа тензијата, бидејќи имаше сериозни удари кон гостинските играчи. Но, што имаше на знамето, што беше доволно за Србите да реагираат така како што реагираа, а албанските фудбалери така грубо да го бранат?

На врвот пишуваше  "28.11.1912". Тоа е денот кога бившиот државен функционер во Отоманското царство, од кое подоцна бил протеран, Исмаил Ќемали, заедно со неколку истомисленици прогласил “Декларација за независност на Албанија”, излегувајќи на тераса од двоспратна куќа во Валона, од која го развеал црвеното знаме со црн двоглав орел пред неколкуте стотици Албанци.

Идеата за независна албанска држава постоеше и порано, но на дело е спроведена за време на Првата балканска војна, кога Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија есента 1912 година водеа војна против Османлиите со цел да ги истераат од Балканскиот полуостров. Во тој период националната свест беше силна, па на насловната страна на Политика можеше да се види реченицата "Азијци - во Азија", што денеска секако е незамисливо. Но националната свест беше силно развиена и кај поробените Албанци во тоа време, односно Арбанаси како што нашите предци ги нарекуваа.

Меѓутоа Џемаили своето место во историјата на албанско-српските односи го продлабочи со некои идни активности, и тоа наредната 1913 година. Штом заживеа новата земја, каде што еден период токму Исмаил Џемаили ја водеше привремената влада, кај албанците се појави желба за проширување на територијата, односно тие да се населат на оние делови на Балканот каде што живееле Арбанасите. Дефинирање на територијата врз база на овие три збора е релативно мал проблем за секој човек во овој регион, но голем проблем е - бидејќи секој народ има поинаков поглед на оваа дефиниција.

Во секој случај, со заедничката акција на ВМРО (да не се меша со моменталната партја со истото име, бидејќи поранешната ВМРО е поврзана со "Внатрешната македонска револуционерна организација", чија цел беше создавање на македонската држава на Балканот, а подоцна стана инструмент на политиката на Бугариjа на овој полуостров) и албанските бунтовници во 1913, кои турците ги нарекуваа качаци (одметници и разбојници),  започнале големи вооружени конфликти на територијата која Србите ја сметале за "ослободена" (од Османлиите), а Албанците  за "окупирана". Бидејќи младата албанската држава била премногу слаба за отворена борба против Кралството Србија,  Џемаили тајно им помагал на бунтовниците и станал првиот човек кој ги конфронтирал новосоздадената Албанија и Србија, што доведело до големи човечки жртви, голема материјалната штета и бегалци, забележува српскиот член на Академијата на науките во првата половина на 20. век, Владимир Ќоровиќ.

Иса Бољетинац, од друга страна, отсекогаш бил одметник и прераснал во лидер на албанското герилско движење, прво против Османлиите во 1910 година, а потоа и против Србија.

Пролетта 1913 година зел 12.000 вооружени "качаци" и, како што е објаснето на веб страната Peščanika, заедно со бугарски офицери и заостанати турски корпуси го окупираше Дебар, Охрид и Струга, во исто време кога албанските емигранти од Косово го зазедоа Љума, Призрен и Ѓаковица. Бољетинац бил одговорен и за одземање на земјиштето кое му припаѓало на манастирот Високи Дечани, но фактот дека тој учествувал во декласирање на независноста на Албанија, и дека за време на Балканските војни и во Првата светска војна го предводел герилското движење во жестоки борби против војските на Кралството Србија и Кралство на Црна Гора, а потоа и против војските на Австроунгарија и Бугарија, од него направи направи национален херој кој во 2004 година доби званична потврда со "Орденот херој на Косово" кој постхумно му го додели Ибрахим Ругова.

Бољетинац и Џемаили заедно со натписот "Автохтони" и датумот на прогласување на независност им се сервирани на српските навивачи на знаме на кое се наоѓа и мапа на голема Албанија.

А во неа не се наоѓа само територијата на денешна Албанија, нити и е додадена само територијата на Косово и Метохија, туку и области кои опфаќаат дел од Црна Гора сосе Подгорица, зафаќаат и западни делови на Грција, половина од сегашна Македонија, но и дел од  Србија – речиси до Ниш. Сето тоа  е сосема доволна искра за наизглед само фудбалски хаос, а на несреќа на сите кои живеат на овие простори, всушност искра која може повторно да разгори опасни огнови.

 Извор: Блиц

 

 

16.10.2014 - 12:11


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега