Новата стратегија на СДСМ ја нема на терен

Коренитата промена во СДСМ остана бледа најава на партискиот лидер. На 21 октомври ќе се навршат цели два месеци од прзентацијата ан стратегијата на Заев за доближување на партијата до граѓаните преку  петте илјади тимови кои треба д аго посетата секое семејство.

Местото на СДСМ е до граѓаните- бомбастично најави Заев од тврдината на бихаќка. И од тогаш од партиските тимови ни трага ни глас.

Иако од општинските организации потврдуваат дека немаат добиено насоки за формирањ ена такви тимови ниту пак постојат сведочења за работа на терен, партискиот портпарол петре Шилегов неодамна излезе со тврдење дека фамозните 5000 тимови постојат.

Аналитичарите коментираат дека опозицијата која не е во Парламент досега требала да покаже дека постои и работи барем на терен. Изгубените 50 дена за летни одмори па целосно пасивниот старт на есента не се добар знак за стартегијата на Заев и шекеринска а неодржаниот збор за формирање тимови кои ќе ги слушнат проблемите на граѓаните говори за кредибилетот на  опозициските лидери.

16.10.2014 - 16:24


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега