Гостиварско: Се испотепале за костени

40-годишниот Б.Х. и 44-годишниот М.Х. од гостиварско си заработија кривична за учество во тепачка. 

На 08.10.2014 година во шума лоцирана во атар на с.Лешница, гостиварско, пријавените затекнале четири лица додека собирале костени на земјиште сопственост на пријавените, при што истите физички ги нападнале, информираат од полицијата.

Во тепачката сите учесници се здобиле со видливи повреди, а еден од оштетените бил посериозно повреден.

17.10.2014 - 13:18


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега