Заклан Македонец во Србија

Македонецот Слободан Стојановски синоќа е избоден до смрт во населба во близина на сроски Нови Сад, пишуваат српските медиуми.

Според неофицијалните информации, неговото безживотно тело, до смрт избодено со нож, било откриено во куќата.

Стојановски инаку бил пекар, кој со децении имал пекарница во Бегеч.

Според првичните сознанија на полицијата, убиството не било на национална основа и не е мотивирано од инцидентот по натпреварот помеѓу Србија и Албанија.

Според директорот на полицијата Милорад Вељовиќ, уапсени се повеќе лица, меѓу кои е и убиецот на Стојановски.

18.10.2014 - 13:45


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега