Нови вработувања - Кромберг и Шуберт ќе гради уште една фабрика во Битола

 

Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ наскоро ќе почне со изградба на својата 23-та фабрика во светот и тоа во Битола, во индустриската зона Жабени. 

Со сегашните речиси 2.500 вработени и планираните нови 2.000 работници компанијата би станала еден од најголемите работодавци не само во Битола туку и во регионот и би вработувала многу повеќе работници и од најголемиот електроенергетски комбинат во државата, РЕК „Битола“, каде што работат околу 3.000 работници, пишува Нова Македонија. 

Можноста дека „Кромберг и Шуберт“ има намера да изгради нова фабрика во Битола, која ќе вработува најмалку 2.000 работници, ја соопшти градоначалникот на Битола, Владимир Талески: -  Деновиве добив информација дека во „Кромберг и Шуберт“ сериозно размислуваат наскоро да почнат со изградба на нова фабрика, која би била во рамките на веќе постојната фабрика, која се наоѓа во индустриската зона Жабени, или во нејзина непосредна близина, истакнал Талески.

Во фабриката постојано има отворени огласи за прием на нови работници, а обуките и интервјуата на тие што аплицираат за работа веќе станаа секојдневие.
Доколку се изгради новата фабрика во индустриската зона Жабени, ќе се вработат уште над 2.000 работници, со што вкупниот број на работници што ќе работат во фабриките на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ќе се заокружи на 4.500 работници.

20.10.2014 - 11:54


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега