ДПА се врати во Собранието
Пратениците од Демократската партија на Албанците (ДПА) денеска се вратија во собраниските клупи, по најавите и одлуката потврдена од највисоките тела на партијата.
Собранието денеска ја продолжи расправата за буџетот за 2015 година, а на 18-тата седница на дневен ред е и Извештајот за напредокот на земјата.
ДПА ја бојкотираше работата на Парламентот по инцидентот со колегите од ДУИ што се случи на Комисијата за финансирање и буџет, кога пратениците расправаа за амандманите за буџетот за следната година.
20.10.2014 - 12:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа