Цела естрада во Штип ќе пе за доктор Евица Бојаџиева

Најпотребно на човекот е човековата подадена рака. Раката што нуди топлина, сочуство, братство. Секогаш кога ќе сме во ситуација некому да му подадеме рака за спас да му ја подадеме зашто само човекот може да му помогне на човекот. Затоа нека бидеме сите братски расположени, нека бидеме она што во природата на човекот го има, добрината, сочуствувањето и нека помогнеме со скромни средства нашата драга сограѓанка д-р Евица Бојаџиева повторно да испраќа здрава насмевка кон своите најблиски, но и кон светот што во овој миг на болка братски ја прегрнува.
На ден 23 октоври (четврток) во клуб „МИСТИК“ Штип со почеток во 20 часот за прв пат ќе се одржи најголемиот хуманитарен концерт досега во градот под исарот . Ќе настапат голем број популарни музичари и актери. Своето учество и присуство на хуманитарниот концерт го најавија Урош Туркулов од X-Фактор, Тони Зен , Роберт Билбилов , Димитар Андоновски ,Алескандар Белов ,Влатко Илиевски ,Зои Блаз , Емил Арсов ,Коки од Тајфата ,Маја Вукичевиќ ,Дарко Илиевски , Зоран Илиев и групата Дрти Сајс ...
Организаторот Миро Кацаров, вели дека картата ќе чини само 100 денари и со секоја купена карта помагате на д-р Евица Бојаџиева. Средствата собрани од продажба на пијалоците исто така ќе се донираат за операцијата што треба да се изведе во Кина, на д-р Бојаџиева.
Присуството на концерто, односно со купениот билет давате сериозен прилог кон успехот на оваа хумана акција.

20.10.2014 - 14:13


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега