Се поместуваат стрелките на часовникот - од недела зимско сметање на времето
Ноќта помеѓу 25 и 26 октомври ќе заврши летното сметање на времето. Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад.
Во недела, 26 октомври во 3 часот часовникот треба да го вратите на два. Летното сметање на времето, воведено е во 1916 година во земјите на Северна Европа, а од тогаш оваа практика ја прифатиле 70 земји. Истото започнува да се пресметува последниот викенд во март и трае до последниот викенд во октомври.
20.10.2014 - 16:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа