Какво време не очекува утре?

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, по котлините со магла во претпладневните часови.   Температурата од 17 до 26 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност  и температура до 23 степени.

В среда вечер и в четврток под влијание на влажен и студен бран ќе има пообилни врнежи од дожд, проследени со засилен северен ветер и значителен пад на температурата.

Во западните и северните делови, на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.

Потоа ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег.

20.10.2014 - 17:28


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега