Овој септември најтопол во последните 134 години

Овој септември бил најтоплиот на Земјата од 1880 година, соопштија денеска американски метеоролози.

Националната агенција на САД за океаните и атмосферата објави дека во 2014 година биле измерени највисоките температури на површината на копното и на океаните во септември, откако се води статистика.

Освен тоа, овој месец бил 38-от септември, во кој глобалната температура на Земјата била над просечната за 20-от век.

20.10.2014 - 22:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега