Ни доаѓа зима - температурите ќе паѓаат

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, по котлините со магла во претпладневните часови.   Температурата од 17 до 26 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност  и температура до 23 степени.

В среда вечер и в четврток под влијание на влажен и студен бран ќе има пообилни врнежи од дожд, проследени со засилен северен ветер и значителен пад на температурата.

Во западните и северните делови, на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.

Потоа ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. 

21.10.2014 - 09:07


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега