Падна бизнис босот од македонскиот исток - кој е екс-пратеникот на СДСМ Ванчо Деликатес?

Големиот бизнис моќник од македонскиот исток заедно со членови на семјеството е еден од уапсените во денешната полициска акција. Ванчо Георгиев, познат во јавноста како бизнисменот Ванчо Деликатес зад себе има богато политичко и бизнис CV. 
Како бизнисмен, во јавноста е познат по компанијата Деликатес која со години беше алфа и омега во источна Македонија. Беше познат како финасиер на клубот Кочани Деликатес кој во деведесетите имаше големи амбиции, но не успеа да стигне до шампионската титула иако два пати играше во финалето од кошаркарскиот пелјоф. Освен оваа компанија, Георгиев беше активен и во текстилниот бизнис како сопственик на конфекција а работел и во месната индустрија како сопственик на фабрика за месни преработки. Во последено време актуелен е во градежниот бизнис. Неофицијално сопственик е на компанија за тули како и на градежна компанија која гради згради во повеќе градови низ Македонија. 
Во политчките кругови важеше за еден од најголемите финансиери на СДСМ. Во политичката биографија му стои дека во два наврати бил пратеник во македонското Собрание од редовите на СДСМ на крајот од деведесетите по што следеше повлекување и посветување на биснисот. Неговото големо враќање на Бихаќка беше најавено со доаѓањето н заев на чело на партијата. Беше најавен како едно од „новите“ лица во СДСМ и заедно со Еско Рахиќ и се најавуваше дека ќе добие висока функција во СДСМ. Во моментов, според она што може да се прочита на сајтот на опозициската партија, Ванчо Ѓорѓиев е член на Централниот одбор на СДСМ

Заедно со уште осум лица Ѓорѓиев се сомничи за перење пари при што му е нанесена штета на буџетот од 2,5 милиони долари.

Повеќе детали тука

21.10.2014 - 11:17


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега