Нова инвестиција во Виница - можност за 100 вработувања

Во Виница започна изградбата на нова фабрика на австриската компанија „Текспорт“ наменета за производство на заштитна опрема за пожарникари, а која ќе отвори за виничани и околните населени места 100 нови работни места. 

Објектот се гради во новата индустриска зона на излезот од Виница и ќе биде првата странска инвестиција овде покрај постоечките домашни и локални фирми кои веќе градат на овој потег. Стартот на градбата го официјализираа градоначалникот Емил Дончев и сопственикот, австрискиот инвеститор Омер Шнајдер. 

- Нашата фирма има околу 300 вработени во Македонија. Процесот на работа се одвива со модерни техники и компјутерска поддршка за што се потребни добро обучени луѓе кои ќе може да ги користат тие програми. Предност ќе имаат млади лица кои имаат техничко-текстилно образование. По завршувањето на тренингот од околу две години ќе бидат подготвени со стекнатото знаење во производството како сопствена одговорност да го применат истото, истакна Омер Шнајдер, сопственик на компанијата. 

Како што најави Шнајдер, производствената хала треба да биде завршена во мај 2015 година, ќе се гради по најмодерни стандарди со инвестиција од 1,5 милион евра во енергетски ефикасен објект, а ќе биде со капацитет за 200 вработени. 

21.10.2014 - 11:47


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега