Министерството за одбрана ја поддржува денешната акција на МВР

 

Министерството за одбрана на Република Македонија, целосно ја поддржува истрагата која ја спроведува Министерството за внатрешни работи и целосно е отворено за соработка со оваа институција за расветлување на случајот. 

- Во интерес на истрагата Министерството за одбрана ќе се воздржи од натамошни коментари и информации, стои во денешното соопштение од МО, во врска со полициската акција во која се приведени осум поранешни функционери од одбраната и бизнисмени, осомничени дека проневериле неколку милиони долари.

Министерството за одбрана, се вели во соопштението, придава високо значење на интегритетот на вработените во Министерството, на припадниците на АРМ и компаниите со кои соработува.

21.10.2014 - 12:14


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега