Зголемени субвенциите за привлекување туристи

Владата донесе одлука да се зголеми износот на субвенциите за привлекување туристи од Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија од сегашните 25 на 35 евра по турист. 

Како што информира портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција,  услов за добивање субвенција за туристите од БиХ, Србија и Бугарија е да имаат организиран престој во Македонија со најмалку седум ноќевања, како и организирано да доаѓаат во земјава со авионски превоз. 

Покрај тоа, од 1 јануари 2015 година се предвидува и субвенционирање во износ од 65 евра по турист за привлекување туристи од Германија, САД, Англија, Казахстан, Азербејџан и Катар. Услов за добивање субвенции за туристи од овие земји е да имаат најмалку три ноќевања во Македонија. 

21.10.2014 - 12:33


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега