АМС и ФИНКИ со Меморандум за соработка, ќе бараат најдобар млад програмер

Во просториите на Факултетот за информатичка науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески и деканот на Финки Димитар Трајановски потпишаа Меморандум за соработка.

Директорот Спасески истакна дека со овој меморандум практично се утврдува рамката за соработка меѓу овие две институции.

-Оваа рамка всушност е насочена кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности во обалста на информатичките науки и компјутерско инжинерство, кон поттикнувањето на младите луѓе да студираат на техничките науки, како и кон поттикнување на иновативноста, креативноста и претприемачкиот дух кај младите, истакна Спасески.

Првите луѓе на двете институции договорија реализација на проектот "Најдобар млад програмер", Проект кој е во програмата на Агенцијата за млади и спорт и кој е предвиден да го реализира АМС со поддршка на Финки. 

Претходно, во месец декември проектот ќе започне со медиумска и информативна кампања во средните училишта низ целата држава,а кон почетокот на 2015 година ќе се објави Конкурсот за пријавување на средношколците.АМС ќе обезбеди модерна компјутерска опрема, која ќе им помогне на младите програмери во нивната професионална надградба, а за победниците ФИНКИ ќе обезбеди стипендии за студирање.

На крај на средбата, Директорот Спасески изрази голема благодарност до Деканот Трајановски за целокупната стручна поддршка за проектот, особено во делот на изработката на апликацијата за пријавување на учесниците, изготвувањето на проектните задачи и обезбедувањето стручен тим кој ќе го врши оценувањето.     

21.10.2014 - 13:42


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега