Осветлена клучката Кадино - инвестиција вредна 4,5 милиони денари

Јавното претпријатие за државни патишта ја осветли клучката Кадино, која е дел од автопатот „Александар Македонски“. Поставени се 22 канделабри од кои 10 се двокраки и 12 еднокраки, а осветлувањето е изведено со систем на намалување на електричната енергија. За овој зафат вложени се 4,5 милиони денари.

- Станува збор за осветлување во вкупна должина од 1.100 метри за што се инвестирани 4,5 милиони денари. Планирано е и осветлување на клучката кај Куманово за која се очекува активностите да започнат кон крајот на оваа година, како и осветлување на клучката пред влезот во Радовиш, изјави денеска директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Со ова од почетокот на годинава осветлени се вкупно околу 10 километри патишта за што се инвестирани околу 35,5 милиони денари.

21.10.2014 - 14:41


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега