Адеми: Очекувам конструктивни разговори со СОНК

 

Во Министерството за образование и наука денеска има средби на три различни групи формирани помеѓу МОН и СОНК кои ќе дискутираат по одделни прашања. За ова денеска информираше министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми кој изрази надеж дека  разговорите ќе течат конструктивно и позитивно и дека на крајот заедно со СОНК ќе одлучат кои барања евентуално би биле прифатливи.

Во врска со наставниците кои се незадоволни од добиените решенија за намалена плата поради големи отстапувања во екстерното тестирање, Адеми посочи дека тие имаат право  на жалба до училишните одбори.

- Училишните одбори се надлежни да ги разгледаат и да донесат конечни решенија. Министертвото нема никакви надлежности да ги разгледува решенијата донесени од директорите. Ги повикувам училишните одбори да одлучуваат врз основа на факти и аргументи, а не врз основа на нивните желби, рече тој.

21.10.2014 - 14:50
Фото: 
денешен


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега