Груевски: Градиме и реконструираме и регионални и магистрални патишта

Владата освен што е фокусирана на изградба на автопатишта, не ја занемарува ниту градбата и реконструкцијата на регионалните и магистралните патишта, изјави премиерот Никола Груевски, коментирајќи го денешното потпишување на договорот со Светска банка од 52 милиони евра.

Станува збор, како што рече, за десет патишта во должина од околу 150 километри, а ќе бидат обезбедени средства за нивна градба или реновирање, односно реконструкција или реконструкција со проширување. 

 

- Дел од нив се патот Делчево – Кочани, Маврово – Дебар, Гостивар – Тетово, Делчево – Голак и други, вкупно 10 патишта. Ова покажува дека Владата освен што е фокусирана на градба на автопатишта, не го занемарува и делот на регионите градејќи или реконструирајќи патишта во сите различни региони на Македонија, изјави Груевски, кој денеска присуствуваше на промоција на книги од проектот „Превод на 1.000 стручни и научни книги“. 

И регионалните и магистралните патишта, истакна тој, се исто така многу користени од граѓаните, а не само автопатиштата

 

21.10.2014 - 14:59
Фото: 
МИА


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега