Пет златни медали за македонските танчери на Европскиот куп во Сараево

Танчерите на „Брејк а Лег“ постигна голем успех на Европскиот куп во модерни танци, кој се одржа во Сараево на 18 и 19 октомври, со победите во категориите:  хип-хоп групи (деца, јуниори и сениори), хип-хоп формации јуниори и хип-хоп соло возрасни со настапот на Благоја Тодоровски.

На натпреварот успешен настап имаа и Бојана Арсовска,  која освои сребрен медал во хип-хоп соло деца, како и Ангела Нешовска и Деана Антевска кои изборија пласман во финале во хип-хоп соло жени.

- Ова е само уште една потврда за квалитетот на македонските танчери кои пред неполн месец на Светското првенство во Германија завршија меѓу најдобрите 10 во светот, велат од танчерската група.

Натпреварот  беше во организација на Светската танцова организација- IDO  (International Dance Organization), а учествуваа претставници од 18 земји. 

21.10.2014 - 15:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега