Вонредна прогноза: Ноќеска се подготвува силно невреме над Балканот

Метеоролозите веќе подолг период најавуваат промени на времето кои би требало да случат оваа ноќ. Во текот на ноќните часови и утршениот ден во целиот регион на Балканот се најавуваат интензивни врнежи од дожд проследени со грмежи, силен ветер а на повисоките места и снег.
Метеоалармот најавува големи нагли промени на времето вклучувајќи и неколку црвени предупредувања однајвисок степен, пред се во Хрватска. Црвен аларм е огласен за Загрев и пошироката околина, северна Хрватска и Славонија како и на северното приморје на Истра.
За во овие региони се најавуваат силни ветрови кои ќе достигнат брзина и до 120 километри на час.
Црвениот аларм значи дека времето е исклучително опасно и може да предизвикаголеми штети па дури и човечки жртви.
Интензивни врнежи се најавуваат и во Србија ана планините се очекува да се формира снежна покривка. Преупредувања од портокалова фаза се издадени за регионите на југозападот и југоистокот на северниот сосед.
Во Македонија среда ќе донесе претежно сончево и релативно топло време преку ден. Наутро ќе има услови за краткотрајна ниска облачност низ мал дел од котлините од земјата. Промената на времето доаѓа во текот на вечерата. Наоблачување и почеток на врнежите од дожд се очекува во западните и северните краишта од земјава. Сепак, метеоалармот цела земја ја става во жолта предупредувачка фаза

21.10.2014 - 21:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега