Температурите ќе паѓаат - зима во Македонија

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а попладне со зголемена облачност која во северните и во западните делови во вечерните часови ќе биде проследена со врнежи од дожд кои на планините, а понекаде и на повисоките места во западните делови од снег. Преку денот ќе дува повремено засилен јужен ветер, а во вечерните часови во северозападните делови од земјата ќе почне да дува засилен северен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 19 до 24 степени. 

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува и умерен до засилен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во вечерните часови ќе има и врнежи од дожд и ќе почне да дува умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 20 степени. 

До сабота ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи од дожд, на планините особено во западните делови од земјата врнежите ќе бидат повремено од снег. 

22.10.2014 - 09:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега