Што се случувало синоќа на скопските улици?

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди од кои четири се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден возач на мопед.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Круме Кепески“ кои се наоѓаат на територијата на општина Кисела Вода.

Со почеток во 15 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“ во рамките на Купот на Македонија ќе се одигра фудбалски натпревар помеѓу екипата на Вардар од Скопје и Шкендија од Тетово. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а од 12 часот на ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ и ул. „Аминта 3“ ќе се врши селективно пропуштање на возилата кон стадионот што значи ќе се пропуштаат возилата со посебни пропусници. Во оваа прилика сообраќајната полиција апелира сите граѓани кои имаат намера да го следат натпреварот да ги користат возилата од јавен превоз, а доколку дојдат со сопствени возила истите да ги паркираат на паркингот на ул. „Лазар Личеноски“ под тврдината Кале и на паркинг-просторите во централното градско подрачје. 

22.10.2014 - 09:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега