Јолевски во посета на Србија

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Белград, Република Србија.

За време на посетата министерот Јолевски ќе се сретне со неговиот српски колега Братислав Гашиќ, како и со претседателот на Комитетот за одбрана и внатрешни работи во српскиот Парламент Марија Обрадовиќ.

Како што е најавено од МО, министерот Јолевски ќе ги посети Воената академија и на Военомедицинската академија. 

22.10.2014 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега