Утрински: Заев бара техничка влада - пратениците на СДСМ објаснувања

Заев е за бојкот, пратениците бараат објаснување. Утрински весник, кој важи за близок до опозицијата јавува дека на Бихаќка има длабока криза на релација пратеници - раководство иако двоецот Заев Шеќеринска, дава се од себе, тоа така да не изгледа во јавност.
Иако нема официјални најави за враќање во Собранието. Утриски пишува дека пратениците очекуваат средба со раководството на која ќе се разговара за Извештјотна Европската Комисија во кој меѓу другото може да се видат и силни пораки за опозицијата.
„Ние остануваме на нашиот став за бојкот на Собранието. Последната средба со пратениците ја имавме пред десетина дена. Официјалниот став тогаш го кажа пратеничката Рената Десковска, која соопшти дека СДСМ останува доследен на сите пет барања, вклучувајќи го и тоа за техничка влада, и му порача на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, да прави што сака, бидејќи оставките се кај него. Ништо не може да не' натера да го смениме тој став“, вели Заев за Утрински и додава дека ако некој пратеник се реши да се врати во Собранието, тогаш тоа ќе биде лична, а не одлука на СДСМ.
Рокот за враќање на пратениците на СДСМ истекува на 10 ноември, кога навршуваат 6 месеци од верификацијата на мандатот на опозиционерите. Ако до тогаш не се вратат во Собранието, Комисијата за мандатно имунитетни прашања ќе констатиа престанок на нивниот мандат и нивните пратнеички столчиња ќе им се понудат на следните кандидати на листите.

22.10.2014 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега