Интензивно се работи на повеќенаменското игралиштето во Лабуништа

Во полн ек се одвиваат активностите за изградба на повеќенаменското игралиште во струшкото село Лабуништа, проект што го реализира Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт. 

Во текот на минатата седмица, екипи на градежната фирма „Илинден“  извршија асфалтирање на игралиштето,  а во текот на вчерашниот ден беше донесена и поставена металната заштитна ограда. 

Игралиштето ќе биде опремено со спортски реквизити и опрема за фудбал, кошарка, ракомет и други спортови, но ќе биде и соодветно осветлено за да може да се спротува и во вечерните часови. 

Повеќенаменскиот објект за спортување  во Лабуништа ќе биде ставен на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. 

Камен-темелникот за неговата изградба беше поставен во февруари годинава.

22.10.2014 - 15:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега