Нов опасен вирус во Македонија - две деца во тешка состојба на Клиниките во Скопје

18 месечно бебе и три годишно дете со западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, јавува Здравство24. Информацијата ни ја потврдија од Клиниката од каде изјавија дека децата 5 дена се на детска и биле примени во тешка здравствена состојба. Но по неколку дена има подобрување иако се уште се под строг здравствен надзор. И двете деца се од Скопје. Имале тешки и некарактеристични симптоми кои го напаѓале нервниот систем. Вирусот бил и лабораториски потврден во Институтот за јавно здравје, јавува Здравство24.

Инаку ова не е прв случај на западнонилска треска годинава на клиниката за детски болести. Кон крајот на август на одделот за Неврологија беше и седумгодишно девојче кое вирусот го добило од инфициран комарец кога било на одмор со родителите во Грција. Изминатите години во земјава беа регистрирани и неколку смртни случаи поради компликации предизвикани од западнонилската треска.
Болеста не може да се пренесе од човек на човек. Вирусот се пренесува преку заразени комарци. 80 отсто од случаите на инфекција поминуваат без симптоми, додека кај 20 отсто од случаите се развива болест со благи симптоми, кои наликуваат на настинка или грип. Ретко може да се развие тешка болест со симптоми на менингоенцефалитис, односно воспаление на мозочните обвивки и мозокот. Најризични категории се старите лица, децата и луѓето со слаб имунитет.

22.10.2014 - 21:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега