„Бидете луѓе, оставете не“ - родителите на Дениса завиени во црно

 

Во информацијата, која утрово пристигна од Атина во Македонија стои дека со 99,9 проценти сигурност ДНК анализата покажала дека телото најдено во водите на Егејското Море на 4-ти октомври е на младата прилепчанка Дениса Марковска, пренесува Канал 5.

Канал 5 контактираше со членови на семејството на Дениса, но тие не сакаале да коментираат ниту да потврдат дали нешто им е доставено.

„Бидете луѓе, оставете не“- им рекле на новинарите кои стоеле пред семејната куќа на Марковски во Прилеп, каде роднините на девојчето плачеле.

Најблиските изразиле сомнеж во резултатите токму поради бавноста на постапката и на полициските службеници им најавиле дека ќе бараат нова обдукција и нова ДНК анализа која ќе се изврши во Македонија. Тие очекуваат дека ќе им биде излезено во пресрет и во македонските лаборатории ќе биде направена втора анализа и за причините на смртта кои се уште никаде не се објавени и за проверка на останатите податоци поврзани со мистериозната судбина на Дениса.

Таа исчезна ноќта на 12-ти септември од бродот „Серинисима“.

 

23.10.2014 - 15:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега