Нов сомнителен случај на западнонилска треска на Детската клиника

На Клиниката за детски болести вчера било примено петгодишно детенце со симптоми на западнонилска треска. Дали навистина станува збор за оваа болест ќе се знае откако ќе бидат добиени резултатите од анализите од две лаборатории, информираше директорката на Клиника д-р Аспазија Софијанова.    

Претходно д-р Софијанова потврди дека во болницата се лекувале две деца кај кои веќе е дијагностицирана западнонилска треска.  

- Последните три дена на Клиниката за детски болести утврдивме два случаи нови дијагностицирани и потврдени на западнонилска треска кај две дечиња и тоа на многу мала возраст, кај дете на 18 месеци и четиригодишно детенце, кое во добра кондиција веќе е пуштено дома, изјави д-р Софијанова.

Двете деца пред две до три недели престојувале во Грција, што според д-р Софијанова покажува дека западнонилската треска се уште ја има. 

- Добивме податок и за двете деца дека до пред две-три недели биле во Грција. Тоа укажува дека овој тип на болест се уште постои на оваа територија. Болест од која некои деца поминуваат добро, меѓутоа кај некои одат со доста големи компликации, предупредува д-р Софијанова, наведувајќи дека во одредени случаи можно е западнонилската треска да има неспецифични симптоми како кај 18-месечното детенце. 

Западнонилската треска не се пренесува од човек на човек, туку преку убод од заразен комарец. Најризични категории се постарите лица, деца и луѓе со намален имунитет.

24.10.2014 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега