Груевски на средби со Филе и Даниелсон

Премиерот Никола Груевски денеска во рамки на дводневната посета на Брисел ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и директорот на Генералниот директорат за проширување на ЕУ Кристијан Даниелсон. 

Груевски вчера во Брисел учествуваше на редовниот Самит на Европската народна партија, а оствари средба и со претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, која е прва средба откако францускиот политичар е избран за претседател на ЕПП, иако претходно тие имале голем број средби.

На маргините на Самит на ЕПП, премиерот на Република Македонија имаше можност и лично да му честита на Жан-Клод Јункер за изборот на новиот состав на Европската комисија, а оствари и низа куси и неформални разговори со премиерката на Норвешка, Ерна Солберг, со унгарскиот премиер Виктор Орбан, со членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Претседателот на Владата на нашата земја, исто така се сретнал и со потпретседателот на ЕПП, Марио Давид и со шефот на пратеничката група на ЕПП во Европарламентот, Манфред Вебер.

24.10.2014 - 09:18
Фото: 
курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега