Меѓународна конференција за криминалистика

На Факултетот за безбедност денеска ќе се одржи Меѓународна конференција за криминалистика до борба против современиот криминалитет. Конференцијата ќе ја отвори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

На Конференцијата ќе учествуваат претставници од Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија. 

На научниот собир, голем број професори и научни работници ќе презентираат свои трудови и ќе дебатираат од областа на криминалистиката, кривичното право, безбедноста, криминологијата и други сродни научни области барајќи одговор за сузбивање на современите форми на криминалитет. 

24.10.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега