Температурите паѓаат - какво ќе биде времето до крајот на месецов?

Во наредните неколку дена, според Метeопро, се очекуваат неколку промени на метео параметрите.

Од деновите на викендот, сабота ќе донесе пооблачно и ветровито време. Ќе дува умерен до засилен северен и севоисточен ветер.
Во текот на денот се очекуваат врнежи од дожд, а на планините, особено во северната половина од земјата, снег. Утрото во котлините ќе помине со позитивна вредност на минималната температура и истата ќе биде во границите помеѓу 2°С и 6°С. Во текот на денот ќе биде релативно студено. Максималната температура ќе има вредност околу 8°С во поголем дел од котлините до 11°С на југоисток.

Веќе во недела ќе има подолги сончеви периоди и помалку облаци. Утрото за разлика од саботното ќе биде постудено, а минималната температура низ котлините ќе има вредност околу 0°С. На повисоките места таа ќе се „спушти“ до -3°С. На југот на Повардарие, минималната ќе биде само малку во позитива. Дневната температура во однос на саботната ќе биде во пораст за околу 2°С.

Понеделник, вторник и среда ќе донесат претежно сончево време. Наутро ќе биде студено. Минималната температура во најголем дел од земјата ќе биде под 0°С, но сепак само 2°С до 3°С во негатива. Преку ден температурата ќе биде во пораст, но нема да биде особено топло.Максималната температура овие денови ќе биде во дијапазонот од 9°С до 13°С низ котлините и околу 14°С во југоисточниот крај.

Четврток и петок ќе бидат малку потопли, но и пооблачни во однос на првите три дена од наредната недела. Температурата наутро ќе се „врати“ во позитива.

24.10.2014 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега