Што им е потребно на децата со попреченост во градинките?

Потребна е соодветна едукација на воспитниот и негувателскиот кадар за стекнување компетенции за работа со деца со различни потреби за рано учење и развој, како и континуирана соработка со локалните основни училишта и задолжително предавање на  развојните портфолија за секое дете, на системско ниво, со цел поквалитетен транзитивен процес градинка - училиште.

Ова е заклучокот од состанокот на стручната служба на градинка „Срничка“ и воспитувачите кои во групите имаат деца со попреченост со професор д-р Џудит Холенвегер, експерт за инклузивно образование.

Целта на состанокот беше да се идентификуваат потребите и состојбите на децата со попреченост во градинката, како и откривање на капацитетите за давање услуги и поддршка на сите деца.

Исто така, на состанокот беше дискутирано и за начините на соработка  и координација со другите институции, со цел зајакнување на мулти-секторската соработка и координација во однос на децата со попреченост, како и градење отворен и партнерски однос со родителите базиран на искреност и доверба.

Воедно, професорката Холенвегер е и координатор на Европската агенција за инклузивно образование при Европската комисија, а на состанокот беа присутни и експерти од УНИЦЕФ.

24.10.2014 - 12:17
Фото: 
курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега