Тимовите на СДСМ добија прирачник: Не тропајте гласно и не одете за време на ручек

Kога ќе одите од врата на врата секогаш почнете од последниот кат и движете се надолу. Одете меѓу 10 и 21 часот за викенд и меѓу 18 и 21 часот во работен ден, а никогаш за време на ручек. Облечете соодветна облека и без нервоза. Не носете на себе очила за сонце или капа која може да ви го скрие лицето. Вашата лична приказна е секогаш најдобар начин да ги вклучите во разговор луѓето што ќе ви отворат врата. Супер е ако разговарате и надвор од сценариото. Ако нема никој дома, обидете се од соседите да дознаете дали некој живее на таа адреса. 

Ова се само помал дел од инструкциите од централата на СДСМ за имплементација на новата стратегија на дејствување на партијата преточени на хартија, пишува Дневник

 

ДИРЕКТИВИ ЗА ТИМОВИТЕ

- Облекување во соодветна облека, без очила за сонце и без капа
- Граѓаните да не се посетуваат за време на ручек
- Во моментот кога ќе ви ја отворат вратата, секогаш направите чекор назад. Така ќе покаже-те дека немате намера да влезете 

- Вежбање на она што треба да се каже
- Никогаш не одете од врата на врата сами, тропајте ниту претивко ниту прегласно

- Бидете насмеани, позитивни и ведри

- Не почнувајте го разговорот со жалење за ситуацијата или за лошите политики на власта

- Не влегувајте во расправии

- Разговорот просечно треба да трае десет минути

- Ако граѓаните во тој момент се зафатени, извинете им се и прашајте дали може да намине-те за половина час

- Не правете се експерт за политика. Ако не го знаете одговорот на прашањето на граѓани-нот, насочете го каде може да го најде

- Едниот член на тимот разговара со гласачот, другиот запишува 

- Разговорот почнува вака: Јас сум... Сакаме да ве слушнеме... Дали може да ви одземеме не-колку минути од вашето време

- Прашајте ги кои проблеми им се најголеми во општината, кои се најважните прашања во државата, дали би н` поддржале ако утре се одржат изборите, дали сакате да станете наш член...

АКО ВЕ ЗАЗБОРУВААТ, ИЗВИНЕТЕ СЕ

Посебен совет е даден за во ситуација кога домаќинот кај кого тимот дошол се зазборувал повеќе од десет минути, а тие се брзаат за да одат на следната врата.

- Еве како учтиво да се извадите од таквата ситуација: Би зборувале уште долго, но денес морам да стигнам кај уште триесетина соседи од вашето маало. Слободно пишете ни имејл или побарајте н`, сите информации се содржани во брошурата што ви ја дадов.

24.10.2014 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа