Уште само еден неработен ден до крајот на годината

Уште само еден неработен ден ни останува во овие нешто повеќе од два месеци до крајот на 2014 година. Сите граѓани на РМ нема да работат за Св. Климент Охридски на 8 декември во понеделник. Католиците остануваат дома за католичкиот Божиќ на 24 декември, додека за Албанците неработен ќе биде Денот на албанската азбука, 22 ноември кој се паѓа во сабота. Турците Денот на наставата на турски јазик ќе го празнуваат на 21 декември во недела.

За сите граѓани на РМ

08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од католичка вероисповед

25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:

22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:

21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

 

 

24.10.2014 - 13:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега