МВР ги следи новите научни трендови во криминалистиката

Криминалистичката наука, нејзиниот теоретски развој бездруго претставува фундаментот кој овозможи силен, односно динамичен напредок на криминалистичката пракса, на нејзиното континуирано надградување како во поглед на нормативните трендови, така и во поглед на стручното опeративно и организационо делување.

Ова денес го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на отворањето на Меѓународната конференција - ““Криминалистичкото образование, состојби и перпективи - 20 години по Водинелиќ“, што во организација на Факултетот за безбедност се одржува во чест на професорот Владимир Водинелиќ основоположникот на криминалистиката на овие простори.

Министерството за внатрешни работи, чија што работа - како институ ција - бездруго најмногу зависи и се потпира на криминалистиката, според Јанкулоска со максимален респект и посветеност ги следи сите нови научни трендови, сознанија, постигнувања во оваа област, притоа постојано вградувајќи ги - преку системот на кадровска едукација и техничка надградба, во своето секојдневно функционирање.

-Впрочем токму преку имплементацијата на Националниот разузнавачки модел при Бирото за јавна безбедност на МВР, македонската полиција јасно ја демонстрира својата решителност - како по однос на интегрирањето на повеќето суштински сегменти на криминалистиката во еден функционален модел, туку и по однос на нивното сообразување со предизвиците и потребите за што поквалитетно остварување на законските обврски и надлежности преточени како секојдневни работни задачи на полицијата, нагласи Јанкулоска.

 

24.10.2014 - 13:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега