Патот Маврово-Маврови Анови ќе биде асфалтиран до крајот на годината

Поставувањето асфлат на регионалниот пат Маврово-Маврови Анови се предивидува да заврши до крајот на ноември. Од почетокот на работите асфалтирана е половината од делницата, а пешачката патека е речиси готова.

Директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски при денешната посета на Маврово информира дека досега се комплетирани 2,5 километри, а подготвени за асфлтирање се уште 1,5 километар.

- Доколку временските услови дозволат и оваа делница ќе биде комплетирана до крајот на ноември. Во тек е испитување на свлечиштето кај Белички канал и таму се вршат подговтовки за проширување, рече Георгиевски.

Георгиевски констатира дека се доцни со реализацијата на проектот, но предвидува до февруари идната година тој целосно да биде завршен.

Вредноста на овој, за Мавровскиот регион, важен инфрстаруктурен зафат изнесува над 76 милиони денари (1,2 милион евра), а средствата се обезбедени од заемот на Светска банка.

Рехабилитацијата на „тесното сообраќајно грло" на обиколниот пат околу Мавровското Езеро се реализира по барање на локалната самоуправа Маврово-Ростуше. Градоначалникот Мукрем Мехмеди, претходно нагласи дека со реконструкцијата и проширувањето на оваа сообраќајница очекува подобрување на туристичката понуда и животот на жителите во мавровскиот регион.

24.10.2014 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега